Ако често се мијат рацете, нема потреба од ракавици, порача Филипче

by Frosina Fakova

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека доколку внимателно и често се мијат рацете, тогаш ракавиците апсолутно не се неопходни за носење, порача министерот за здрасвтво, Венко Филипче.

Тој објасни дека ракавиците, доколку се носат невнимателно или со нив се манипулира околу прекривката или маската за устата и носот, тогаш можат да го пренесат вирусот.

-Доколку се внимава и не се манипулира околу устата и носот и со маската, и доколку често се мијат рацете во долго времетраење од дваесетина секунди, сметам дека апсолутно ракавици не се неопходни. Заради тоа што и ракавици доколку се носат и невнимателно се манипулира околу прекривката на устата, носот или маската, тогаш може да се пренесе вирусот, рече министерот Филипче во одговор на прашање.

Според Филипче, само маската, односно заштитна опрема за лицето и ностот останува како неопходна.

Поврзани новости