Ако бугарската компанија не испорачува природен гас, ќе ја активираме банкарската гаранција, тврди Ковачевски

by Fokus

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска соопшти дека ако евентуално бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ не испорачува природен гас согласно Договорот, ќе биде активирана банкарската гаранција.

Ковачевски најави дека идната седмица ќе биде објавен јавниот повик за февруари и ги повика сите компании ресгиртирани во државата да достават понуди за снабдување со гас кои ќе бидат економски оправдани за ЕСМ и за Владата, а ќе има, како што напомена, и меѓународен повик.

-Уште при објавувањето на повикот за јануари наведовме дека компаниите кои ќе понудат количини и фиксна цена ќе треба да достават и гаранции за испорака на природен гас. Имаме добиено банкарска гаранција и за количините и за средствата, односно набавката на гас. Ако евентуално нашиот економски оператор не испорчаува природен гас согласно Договорот, ќе ја активираме банкарската гаранција која го покрива Договорот за јануари, истакна директорот, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на РЕК Битола.

Поврзани новости