305
Сергеј Лавров – министерот за надворешни работи на Русија рече дека ќе учествува на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Скопје само доколку Бугарија го отвори воздушниот простор за прелет на рускиот авион.
„Македонија не покани на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ. Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори својот воздушен простор. Ако го отвори, тогаш ќе бидеме таму“, изјави Лавров на форумот Примаковски читања, пренесува ТАСС.
„Ќе видиме како тие ќе комуницираат“, продолжи Лавров. „Веќе има неколку барања за средба во случај да работиме таму, вклучително и од западни претставници. Се разбира, ќе се сретнеме со сите“, рече Лавров.
Состанокот ќе се одржи од 30 ноември до 1 декември во Скопје.