Доколку бидам повикана за сведок, нормално ќе се појавам, вели за „Фокус“ шефицата на Обвинтелството за гонење на организиран криминал и корупција во заминување, Вилма Русковска за барањето на поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски да биде повикана како сведок во судскиот процес што се води против него за случјот „Софтвери“.
– Туѓи изјави никогаш не коментирам, ни изјави Русковска.
Рашковски побара соочување во судница со Русковска и најави кривична пријава против неа и ја обвини дека го монтирала целиот случај против него.
Инаку барањето на Рашковски доаѓа откако на Русковска и беше отворена дисциплинска постапка и по вчерашните резултати од изборите на нов Обвинител на обвинителството за гонење на органзииран криминал, на кои победи Ислам Абази. Русковска се кандидираше, но освои 14 гласа.
Ф.Ф.С.