397
Македонскиот академик и литературен теоретичар, Катица Ќулавкова на својот Твитер налог информираше дека ќе ја напушти таа социјална мрежа, поради оргомниот говор на омраза што се шири.
„Поради неподнослив вишок на вулгарна реторика и говор на омраза ја напуштам Твитер мрежата. Простено ви е на сите и имате право да размислувате на свој начин и различно, ама поган јазик подразбира погана душа. Облагородете се, поубаво ќе ви биде. Збогум“, напиша Ќулавкова.