Академик Алајдин Абази, кој е еден од двајцата актуелни потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во изјава за ТВ24 вели дека не може да има две национални академии на науки и уметности
„Според принципите, не може да има две национални академии на науките и уметностите, не може општините да ја финансираат академијата како што се предлага. Имаме една Академија за сите“, вели академик Абази.
Ова е уште една од низата реакции на академици, политички партии, институции и поединци по најавата на коалицијата „Вреди“ дека ќе формираат „Албанска академија на науки и уметности“ што прво ќе биде финансирана од општински буџет, а потоа ќе работат на нејзино финансирање од државата.
Бурни реакции доаѓаат од сите страни откако од ВРЕДИ побараа да се формира и Албанска Академија на науките и уметностите.