Изрекувањето на пресудата за случајот „Монструм“ во судницата беше сослушана мирно, но видно беше незадоволството и тагата на лицата на роднините на обвинетите, кои се соочија со најстрогата казна.
-Судијата ги исполни желбите на врвот на државата. Ова е голема неправда. Сега ќе се жалиме, но не очекуваме дека нешто ќе се смени. Правдата некогаш ќе се задоволи, но не сега.Тогаш очекуваме да се одговори на сите прашања, рече Бедри Ајдари, брат на осудениот Фејзи Азири.
Ајдари не знаеше дали семејствата на осудените ќе организираат протести, бидејќи, како што рече, требало допрва да се договорат.
Пред судот беа собрани само најблиските роднини на осудените, но видливо беше зголеменото присуство на полицијата, кои го опколија судот.
Родителите на убиените момчиња откако ја слушнаа пресудата, веднаш си заминаа дома.