119
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ги повика Иранците да не се грижат за земјата додека продолжува потрагата по хеликоптерот со претседателот Ебрахим Раиси, кој се урна во северозападниот дел на Иран.
-Иранскиот народ не треба да биде загрижен, нема да има превирања во земјата – рече тој, изразувајќи надеж дека „Бог ќе ги врати претседателот и неговите колеги во рацете на нацијата“.
Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи на Иран се урна додека леташе над планинска област во густа магла на враќање од границата со Азербејџан.