Ирена Спасовска: Природно, да, ама кога си природно грда, разубави се!

by fokus

Во ова време каде што се нуди се, ако некој има крив нос, па зошто да го носи? Ако имаш крив нос, среди го, самодовербата да ти се зголеми. Среди го направи го убав, да бидеш пријатен за себе, за околината и на лик.
Ако имаш клемпави уши, нормално дека треба да си ги направиш. И што е толку страшно ако некоја жена сака устата да и биде малку поголема? – отворено праша фолк пејачката Ирена Спасовска, за време на нејзиното гостување во емисија на Репортер мк.

Инаку, Спасовска е една помеѓу првите во земјава која ги зголеми усните уште пред околу 15 години, и тогаш јавно проговори за тоа. Во интервјуто набргу по интервенцијата, ни раскажа дека цел живот сакала да има сензуални усни, а кога дознала дека ставањето силикон е еден вид на рутинска постапка и не е комплицирано, решила засекогаш да се спаси од моливчето за оцртување кое постојано и било при рака во минатото.

Тогаш откри дека го добила најдобриот лекарски совет, дека мора почесто да се бакнува, бидејќи од масажата која се создавала при бакнување, силиконот одлично ќе се наместел и ќе и легнел.

Цели 15 години по интервенцијата, Ирена се уште останува на ставот дека жените треба да се грижат за својот изглед, па и да направат естетска корекција, доколку тоа е потребно.

-Најчесто се добиваат критики од оние жени кои биле природни. Е па, добро, природна, ама природна си грда! Разубави се малку, кога ти нуди животот можност да бидеш убава – раскажа таа пред неколку дена за Репортер.

Вики Клинчарова

Поврзани новости