107
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема сознанија зошто се бунат жителите на кумановското село Речица, бидејќи, инспекциските служби на АХВ воопшто немаат активности таму.
Закопувањето на угинатите животни од афиканска чума кај свињите и депопулираните свињи од фармата во село Тромеѓа, каде неодамна од оваа болест, од 660 животни угинаа 60 свињи се врши на локација во село Режановце која за оваа намена е одредена од страна на локалната самоуправа.
По последниот случај во село Тромеѓа, засега состојбата со болеста во Кумановско е стабилна, односно нема појава на нови жаришта. Во заштитната и зоната под надзор во тек е спроведување на активности за ставање под контрола и ерадикација на болеста.