281
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни-RASSF, соопшти дека до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.
„Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска. Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи“ се вели во соопштението на АХВ.