371
Агенцијата за храна и ветереинарство соопшти дека доколку пратката со небезбедни свежи пиперки од Хрватска биде вратена во Македонија ќе издадат налог за нејзино нештетно уништување.
-АХВ вчера преку Системот за предупредување за небезбедна храна на Европската унија (РАСФФ) доби нотификација за небезбеден производ од категоријата овошје и зеленчук извезен од нашава земја – свежи пиперки наменети за пазарот во Хрватска. При спроведена гранична контрола земениот примерок за лабораториска анализа покажал отстапување во однос на присуство на резидуи од пестициди. Имено, добиениот резултат покажал присуство на остатоци од пестицидот форметанат и вредност која претставува сериозен ризик по здравјето на луѓето, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од АХВ велат дека од страна на хрватските власти забранет е увоз на спорниот производ.
-Доколку пратката со небезбедните производи се врати во земјава, АХВ ќе издаде налог за нејзино нештетно уништување кое ќе се реализира под надзор на инспекциските служби на Агенцијата, соопшти АХВ.