Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за Радио Слободна Европа повторно го постави прашањето кое веќе неколку седмици циркулира низ јавноста во Северна Македонија – зошто во државата да нема Албанец премиер?
„Зошто да не инсистираме?! Значи, јас очекувам одговор од тие што велат: Зошто ние бараме премиер Албанец и сум љубопитен да ги слушнам причините на останатите што се против оваа идеја и со задоволство и нетрпение очекувам да се произнесат за причините дадени од нивна страна. Легитимно право – да, граѓанин на оваа држава – да, поборник за сите прашања што се однесуваат на државата, нејзиниот интегритет, суверенитет и иднина – сите овие доблести ги поседува нашиот кандидат за премиер Албанец и, која е причината, каде е пречката оваа земја да не се води од еден премиер Албанец?! Што и се случи на Македонија со претседателот на Собранието на нашата Република?“, вели Ахмети.