Ахмети: Зибери ги поседува сите квалитети за да ја води извршната власт!

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети  денеска го промовираше кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери.

“По интензивните консултации со цивилното општество, академската заедница, експерти и создавачи на јавното мислење, но и пријатели, стигнавме до унифицираното и заслужно име за првиот Албанец кој ќе се натпреварува за кршење на последната едно-етничка рамка во Северна Македонија, кој ги поседува сите квалитети за да раководи со извршната власт во земјата во насока на потполната рамноправност„ истакна Ахмети.

Кандидатот за премиер, Насер Зибери во неговиот говор со убедување истакна дека е дојдено време за потполна рамноправност.

“Ме изненади повикот на г.Али Ахмети со неговата покана за средба во неговата канцеларија. Ме запозна дека имал консултации со многу почитувани луѓе на цивилното и академското општество и дека моето име беше помеѓу предложените како надпартиски кандидат. Искрено се иненадив, и нормално се чуствував ценет. За да бидам потполно искрен, си мислев во себе дека ова нема да го промени само мојот живот, но истотака е многу голема одговорност. Одлука која воопшто не е лесна, а кратко време за одлучување. Но, челикот се кали во оган и една личност се цени за одлуките кои ги зазема за општественото добро наспроти личниот комодитет, и затоа реков ДА„ истакна Насер Зибери.

Publiée par Ali Ahmeti sur Mercredi 24 juin 2020

Поврзани новости