ДУИ ја продолжи предизборната кампања во Липково, каде го презентираше кандидатот за градоначалник на оваа општина Еркан Арифи и листата на советници предводена од Зекирија Шаини.
Ахмети во својот говор изрази максимална поддршка за кандидатурата на Еркан Арифи и советничката листа додавајќи дека актуелниот градоначалник Арифи е еден од градоначалниците што реализирал најмногу проекти во општина Липково. Тој потенцираше дека зелената агенда има решение за проблемите во општините и таа агенда гарантира подобар живот и поразвиени општини.
-Сега излеговме со зелената агенда, агендата на европско време, модерна, но и која го подобрува начинот на живот. Поглавјето 24 за членство во ЕУ е едно од најсложените, бидејќи животот на луѓето зависи од тоа како ја организираат животната средина. За овие години инвестиравме во кадри и горд сум што овие инвестиции се навистина докажани со нивната работа на сите нивоа, рече Ахмети.