Ахмети: Зекири бараше да биде пратеник на ДУИ, да знаев дека ќе се налути би го земал во предвид

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во синоќешното интервју за ТВ 21 го коментираше однесувањето на пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој честопати јавно зборува против коалицискиот партнер ДУИ.

-Мухамед дојде кај мене за да стане пратеник на ДУИ. Пред 7-8 години дојде во мојата канцеларија и бараше да биде пратеник на ДУИ. Да знаев дека ќе се налути би го земал во предвид, но му реков многу си добар во водењето на емисии на Алсат. Продолжи со својата емисија бидејќи сите треба да придонесеме. Оваа се големи прашања, а медиумите вршат голема работа во насока на објаснувањето и подготвувањето на јавноста за долгиот и макотрпниот пат. Стани дел од процесот. Кога медиумите се чисти политички, тоа им е работа. И ми се пристори како да се освести. Рече-во право си. И продолжи во Алсат уште кратко, потоа излезе од таму, вели Ахмети.

Поврзани новости