Ахмети: Заев сигурно не се израдува на победата на ДУИ, но се извини

by Фокус

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21 рече дека лидерот на СДСМ и негов коалициски партнер Зоран Заев не бил среќен за победата на ДУИ.

-Сигурно лидерот на СДСМ, Зоран Заев не се израдува со победата на ДУИ на последните предвремени парламентарни избори – рече Ахмети.

Тој додаде дека Заев се извинил за тоа што во нелегално сниманите разговори вели дека Албанците не вредат пет пари.

-Зоран Заев се извини за тоа што ги нарече Албанците дека не вредат 5 пари – посочи Ахмети.

Сепак, лидерот на ДУИ порача дека двете партии заедно направиле многу и затоа нивното партнерство треба да продолжи.

Поврзани новости