Ахмети за почетокот на преговорите: Успеавме како орелот кој лета високо, без да го загуби погледот кон целта

by fokus

24 март се запишува во нашата понова историја како важен датум за вести од Брисел. Денес Европската Унија одлучи да ги отвори преговорите за полноправно членство на нашата земја и Албанија во Европската Унија, и ова е многу надежна и важна вест за сите нас, особено кога поминуваме тешки денови во соочување со заканата за здравјето на секој од нас, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети по одлуката на Советот на министри на ЕУ.

Во 1999 година, Северноатланската Алијанса ги започна воздушните напади против српските сили и заедно со народот и ОВК го ослободија Косово и потоа ја донесоа и независноста. Денес и оваа година, нашите политички и воени напори за отцепување од југословенската филозофија резултираат со тоа што го тежнеевме со децении. Вчера садевме за денес да жнееме. Процесот за членство во НАТО се заокружи, а вратата на Европа се отвори. Како орелот кој лета високо, без да го загуби во ниту еден момент погледот од целта, заедно успеавме, се вели во писмената изјава на Ахмети.

- Advertisements -

Тој порачува дека сега треба да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа, како земја, членка на НАТО и преговарач за членство во Европската унија.

Поврзани новости