Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во неколку наврати порача дека е здраво ДУИ да оди во опозиција со цел да се реформира внатре. И покрај тоа, Заев не ја исклучи евентуалната коалиција со ДУИ по изборите, но само доколку се откаже од идејата за премиер Албанец.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за МИА говореше за ваквата последна ситуација.
„Не сум помислил дека ова толку многу ќе ги уплаши моите македонски колеги. Излегувањето и влегувањето на ДУИ во трката за премиер мошне ме изненадија и ме разочараа и на некаков начин токму ваков хегемонистички настап, зошто да не кажам помалку со фашистички нијанси, кога вели, јас сум премиер, никој друг не може да биде премиер, ова е отворена трка, ова е легитимно право, природно право, ние сме државјани на оваа држава, ние ја имаме нашата историја тука, ние го имаме нашето наследство тука, ние сме косопственици во оваа земја… Кога даваат такви изјави може не се свесни што всушност содржат во суштините или внатре тие изјави, но овие мирисаат и имаат доста тешка боја и се надевам дека тие ќе се рефлектираат и тоа не е добро“, истакна Ахмети.