553
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по завршување на денешната лидерска средба изјави дека вториот дел од средбата бил разочарувачки и дека опозицијата мора да ги стави државните пред партиските интереси.
-Позицијата ги бранеше државните интереси. Разликите се во прашањето кое што треба да се постави на референдумот. Се разбира дека нормалниот тек на референдумот зависи и од прашањето кое што ќе го поставите. Во овој случај сакам да истакнам дека сите ние треба да ги ставиме државните интереси пред партиските интереси. И сметам дека во оваа ситуација опозицијата треба да ги стави пред се државните интереси, изјави Ахмети.