Ахмети во божиќната честитка посака да станеме дел од ЕУ

by fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, упати честитка за Божик до сите верници што го слават овој празник.

-Нашите најдобри и најискрени честитки за големиот Христијански празник со искрени желби за среќа, здравје и бериќет во вашите домови.

На овој свет ден на раѓањето и зајакнувањето на вербата, во нашите срца нека се прероди надежта за иднината, каде што сите, без разлика, да ги соединиме напорите и посветеноста за исполнување на очекувањата што ќе не направи едно пристојно општество за да станеме дел од големото европско семејство.

Овој Божиќ го означуваме во една многу важна година за нашата земја, еден момент кој ги отвара сите можности за евро-атланската интеграција на земјата, заедно да ги надминеме сите вештачки препреки и во духот на довербата, разбирањето и соработката заедно да чекориме кон патот на напредокот и благосостојбатаа, пишува во честитката.

Поврзани новости