Ахмети во 12 часот ќе го открие изненадувањето на ДУИ

by fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во 12 часот кај Школката во скопскиот Градски парк ќе им се обрати на граѓаните преку социјалните мрежи по повод 19-от роденден на партијата.

Се очекува точно на пладне лидерот Ахмети да го открие големото изненадување кое од партијата го најавуваа изминатите денови.

„Нешто убаво доаѓа“ и „Нешто големо доаѓа“ беа пораките кои деновиве ДУИ ги прати преку билборди и преку зелените маички кои некои од нивните министри ги носеа. И лидерот на партијата Али Ахмети при посетата на Липково најави нешто ново.

„На 5-ти јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер“, па и за оваа платформа ќе има голема дебата, но да оставиме за 5-ти јуни“, рече Ахмети.

Поврзани новости