358
Претседателот на политичката партија ДУИ, Али Ахмети, на Преспа форумот за дијалог што се одржува во Струга, рече дека ВМРО-ДПМНЕ тактизира со ситуацијата за поддршка и гласање на уставните измени.
Ахмети смета дека ВМРО-ДПМНЕ треба да биде појасна и да не прави политики со двојни стандарди.
„ВМРО да биде многу појасна, да не прави политика со двојни аршини, преку ден сум за владеење на правото и за членство на државата во ЕУ, јас сум за решавање на проблемите со кои се соочуваме, додека ноќе флертува и гради политики кои не се за решавање на проблемите“, рече Ахмети.