Ахмети: Високи кругови се заинтересирани Македонија да не биде стабилна, решение е внесување на Бугарите во Уставот

by Fokus

„Западниот Балкан нема друга алтернатива освен зачленување во НАТО и ЕУ бидејќи сме сведоци дека тука се судираат многу сабји од Истокот и секое друго влијание, освен сонцето, ниту едно друго влијание не е корисно за нас. Затоа не случајно високи кругови се заинтересирани Македонија да не биде стабилна, да се креира несигурност, бидејќи секој лош развој во земјава, може да има импликации и во државите со кои граничиме“.

Ова го изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети на третиот Преспа Форум за дијалог во Струга.

Ахмети препорачува дека не смее да има тактизирање во однос на интеграциите во ЕУ, за дневно-политички поени.

„Не сакам да правам споредби ВМРО со Левица бидејќи Левица е јасно определена и не ја крие својата идеолошка определба. Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ мора да биде појасна и да не води политика со двојни стандарди. Јас сум бил многу близок во третманот на овој проблем, како со бугарската страна, така и со моите сограѓани Македонци дека нема подобро решение од промената на Уставот и внесувањето на бугарското малцинство. Секое задоцнување може да предизвика деградација во процесите, но и порази, како што претрпевме и одолговлекување со проблемот што го имавме со Грција“ рече тој.

 

Поврзани новости