815
Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска им го честита на сите православни верници празникот Велигден. По овој повод, Ахмети на сите верници им посака здравје, бериќет и радост.
„Благословени да бидат вашите семејства на овој празник на воскресението. Велигден не потсетува на триумфот на светлината над темнината, на животот над смртта и во суштина на воскресението на надежта и верата. Честит Велигден и за многу години“, се вели во честитката на Ахмети.