Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за утре најави средба со премиерот Зоран Заев на која ќе разговараат за заеднички кандидат за претседател, но и за политичката ситуација во земјата, пренесе порталот Радио Слободна Европа. По средбата со албанскиот министер за надворешни работи Гент Чакај, Ахмети на прес-конференција рече дека утре со Заев ќе разговараат долго и широко и дека е сигурен оти ќе најдат решение за консензуален претседателски кандидат.
Ахмети вели дека нема криза во односите во владината коалиција.
-Може да постојат разлики во некои точки кои не го нарушуваат интегритетот или моралот на ниту една од страните, но нема судири. Земјата има потреба од поголем интегритет и дијалогот меѓу страните, како на оние што се на власт така и на оние кои се во опозиција, рече Ахмети.