329
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети синоќа од Сарај истакна дека Македонија нема друга алтернатива освен соработка меѓу двете најголеми заедници – Албанци и Македонци.
– Рековме дека склучивме договор за партнерство со СДСМ на централно и локално ниво зашто тоа е од заеднички интерес. Политиката е интерес и ние сме избрани да ги браниме интересите на заедницата што ја претставуваме, но без двојни стандарди – како зборуваме, така и работиме. Барам од вас да го поддржите кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, за градоначалник на град Скопје, исто како што и СДСМ не поддржува во Чаир, Тетово, Гостивар, Кичево. И во вториот круг од овие избори, поддршката ќе биде меѓусебна – рече Ахмети.