Ахмети тврди дека се води „нацистичка кампања“ против ДУИ

by Fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети тврди дека во петокот Управата за јавни приходи ја „чешлала“ компанијата на неговиот син. Тој тврди дека неговите деца работат согласно закон и дека не се поштедени од редовни контроли и инспекции.

-Еве конкретно вчера УЈП влезе во целосна контрола во компанијата на мојот син. Тоа е во ред. Нека проверат се што имаат и истовремено ги повикувам од УЈП, финансиската полиција, јавното обвинителство, сите нека проверат се што е спорно со компаниите на моите роднини, вели Ахмети во интервју за ТВ 21.

Сепак тој истакнува дека неговото семејство се соочува со сериозни напади и закани во последните години. Исто така тврди дека постои и, како што вели, нацистичка кампања против него и ДУИ.

-Се работи за добро смислена кампања против мене лично и против Демократската унија за интеграција. Дури можам да кажам дека се работи за нацистичка кампања затоа што сметаат дека ДУИ и Албанците ќе им ја земат државата и економијата, рекол Ахмети во интервјуто.

Поврзани новости