Ахмети: Треба да се разгледаат сите аспекти на Деловникот за избор за нова влада

by fokus

ДУИ вчера донесе одлука да оди во влада со СДСМ откако како што рекоа ги исцрпиле сите опции во дискусијата на Централното претседателство. По донесување на одлуката, Али Ахмети во изјава за Телевизија 24 рече дека сега треба да се разгледаат сите аспекти на Уставот и на деловникот на Собранието во однос на изборот на новата влада.

-Прашањата за избор на влада во Собранието и за негов претседател ги регулира Уставот и деловникот на Собранието и тие треба да се разгледаат. Сите што ја дале поддршката за новиот мандат тоа го направиле со слободна волја и не верувам дека некој ќе се повлече, рече Ахмети.

Тој истакна дека ДУИ не тактизирала во однос на донесувањето на одлуката да поддржи влада предводена од СДСМ, зашто, како што рече, во меѓувреме се воделе дебати по разни прашања и смета дека локалните избори не треба да се одложат и треба да се одржат во мај.

Поврзани новости