Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во рамки на активностите за кампањата за парламентарните избори, ги продолжи средбите со граѓаните во општина Кичево. Пред присутните истакна дека куќата не се одржува со кредит и дека тие што мислат дека можат да држат куќа со кредит, резултатот го видоа на 24 април.
-Вие сте прва гарда за брза интервенција, вие сте прва гарда за брза акција, не е мала задача 8 спрема 2. За понатаму знаете дали правите 9 спрема 1, тоа е во ваши раце. Некој мисли да одржува куќа со кредити, ние сме тие што работиме и си обезбедуваме леб, тие што размислуваат со кредити, не можат да чуваат куќа и резултатот се виде на 24 април.
Ја имавме платформата и фронтот, имавме за кого да работиме, Албанците се обединија во Фронт по 22 години по ред. Фатмир ми е сведок како доаѓа албански партии во Шипковица и континуирано работевме да настапуваме заедно, подобро доцна отколку никогаш. Фронтот обедини генерации и луѓе кои имаа разлики и овој фронт е долгорочен и не е за една употреба.
Да дејствуваме до полноправно членство на земјата во ЕУ, како единствена алтернатива бидејќи немаме друг пат, додека не и кажеме ДА на Европа, нашата определба да бидеме членка на ЕУ за неколку години, како единствено решение за да луѓето не бараат пoдобар стандард надвор од земјата – изјави Ахмети.