774
Зелената агенда нѐ приближува до НАТО, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети во емисијата „Клан дебата“ за ребрендирањето на партијата, споменувајќи дека големите сили излегле со иста агенда, полагајќи многу внимание на животната средина.
-Ова ребрендирање нè приближува до НАТО затоа што и НАТО излезе со зелена агенда. Исто така по нас и Г7 се ребрендира, а и Еди Рама по нас излезе со таква агенда. Тоа значи дека ние се мериме со нив, не се мериме со СДСМ и со ВМРО- ДПМНЕ. Зачувувањето на животната средина нема идеолошка дефиниција, лево или десно, рече Ахмети.