Таткото на едно од убиените момчиња во петкратното убиство кај Смилковското езеро, Горан Наќевски по денешното сведочење на лидерот на ДУИ, Али Ахмети порача дека судството е извршител на желбите на Ахмети, кој како што самиот кажал барал да се повтори судската постапка за случајот „Монструм“. Наќевски обелодени дека еден од од обвинетите во случајот, Фејзи Азири лично се познавал со Ахмети и бил во УЧК.
-Судството е извртшител на желбите на Али Ахмети, а нашите политичари, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги исполнуваат неговите желби од веќе од познати причини. Али Ахмети лично се познавал со Фејзи Азири, самиот призна дека се познава со Азири. Нас во затворените судски рочишта ни беше презентирано со печат државна тајна, Фејзи Азири бил главен логистчар за УЧК за реонот Брест, Танушевци и Малино маало во тесни корелации бил со Али Ахмети.