641
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска објави фотографии од попишувачите во неговиот дом и воедно ги повика сите граѓани да се попишат.
-Денеска бев домаќин на попишувачите во мојот дом и заедно со моето семејство станавме дел од пописот на населението во нашата земја. Ве замолувам не двоумете се и попишувајте се сите, резиденти и нерезиденти, во земјата и во дијаспората, заедно со секој член на вашето семејство. Попишувањето се одвива до 30 септември, додека од денес сите оние кои не се попишани од различни причини во својот дом, истото можат да го направат во општината во која живеат, напиша Ахмети на Фејсбук.