930
Лидерот на ДУИ Али Ахмети на ТВ 21 изјави дека сакал да им понуди на Зијадин Села и Африм Гаши да станат дел од владата.
-Сакав да им понудам на Села и Гаши да станат дел од Владата, но не дојдоа на состанок – рече лидерот на интегративците, алудирајќи на повикот што им го упати за средба за годишнината на Рамковниот договор.
Ахмети посочи дека никој не верувал во идејата дека ќе има премиер Албанец, но, како што истакна, тоа ќе стане реалност.