Ахмети рече дека две телевизии се непријателски, ЗНМ реагира

by Fokus

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ го осудува јавното етикетирање на телевизиите „Телма“ и „Алфа“ од страна на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.

„Тој во своето обраќање пред присутните на партиска трибина во Гостивар, во обид да изрази незадоволство за медиумското известување во врска со партиските активности, јавно рече дека овие две телевизии се непријателски. Оваа скандалозна изјава е штетна и може да ја загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници, а со тоа да се поттикне цензура во поширок контекст. Изјавата е особено проблематична што доаѓа од претседател на политичка партија, која е дел од власта и таа може да стимулира напади и закани врз медиумите и новинарите од страна на партиските припадници, а тоа може да повлече многу негативни последици на слободата на изразување“, се вели во соопштението од ЗНМ.

Поврзани новости