586
Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва во Пласница порача дека изборната платформа на неговата партија се базира на зелената агенда која, според него, гарантира подобар квалитет на животот за сите граѓани.
-На оваа 20-годишнина, Охридскиот договор ги стави сите заедници на еднаква основа, воведе мир во оваа земја. Постигнато е сите граѓани да бидат господари во своето тло. Оваа поддршка, која доаѓа речиси две децении, е резултат на фер проценка на Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите, затоа што ве поканивме сите да живееме достоинствено и еднакво. Секое мое дело го направив со голема одговорност. Се обидов да бидам реален, работев со цело срце и со ладна глава – вели Ахмети.
Тој додаде дека денес ДУИ има нова зелена агенда за свеж воздух.