438
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети преку социјалните мрежи порача дека францускиот предлог не штети на македонскиот идентитет.
-Јасни и многу одлучни беа изјавите на претседателката на Европската комисија, г-ѓа Урсула фон дер Лајен за поддршката што ни ја даваат сите европски држави, за содржината на предлогот на француското претседателство кој на никој начин не ги нарушува карактеристиките на јазичните, културните и историски идентитет на нашите македонски сограѓани, напиша Ахмети на Фејсбук.