Ахмети: Пред една година ја фрлив „бомбата“ за албанскиот премиер

by Fokus

Демократската Унија за Интеграција денеска ја продолжи изборната кампања со собирот во општина Сарај, каде побара поддршка за реизборот на Блерим Беџети како градоначалник на оваа општина и поддршка за листите на кандидати за советници во општина Сарај и Град Скопје.

На жителите на Сарај им се обратија претседателот на ДУИ, Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби, кандидатот за градоначалник Блерим Беџети, носителот на листата на ДУИ за советници во Град Скопје, Ардијан Муча и носителот на листата за советници во Сарај, Мухамед Рамадани.

Претседателот на ДУИ, Ахмети во својот говор изрази максимална поддршка за Блерим Беџети, листите за советници предводени од Ардијан МуЧа за Град Скопје и Мухамед Рамадани за општина Сарај. Ахмети, меѓу другото, ја образложи важноста на зелената агенда што ја пласираше ДУИ.

„Ние се движиме кон визиите, кон иднината што ја подготвивме и се разбира,  пред една година ја фрлив ‘бомбата’ за албанскиот премиер, па потоа втората ‘бомба’ за зелената агенда. Ова е добро изработен и проучен проект, таа е агендата на времето. Оваа земја мора да се изгради и ова е земјата што ќе ја оставиме како наследство на нашите потомци, но напредна и достоинствена и јас сум многу сигурен дека како што ја направивме членка на НАТО, така наскоро ќе се направиме и членка на Европската унија “ – кажа меѓу другите лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

 

Поврзани новости