428
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на првата средна со новата американска амбaсадорка Кејт Брнс, истакна дека на земјава и претстои уште многу работа на патот кон ЕУ, посебно, како што вели тој, во насока на владеењето на правото и реформите, вклучувајќи ги тука и одговорноста и отчетноста.
„Нашата земја чекори кон евроатланската интеграција и задолжително треба да ги исполни бараните стандарди, додека ДУИ ќе продолжи да биде партнер во реализација на реформите за доброто на нашите граѓани. Сите достигнувања се заеднички и Соединетите Американски Држави може да сметаат дека ДУИ ќе продолжи да биде искрен партнер“, рекол Ахмети пред Брнс, соопштија од ДУИ.