Ахмети: Посакувам да има повеќе дијалог и компромис меѓу партиите

by Fokus

„Изборите се и култура, семеен и државен празник, на кои се демонстрираат вистинските демократски вредности. Ние сме земја на прагот од почеток на преговорите со ЕУ и овој изборен процес секако помага за вредностите што ги градиме како држава. На крајот од процесот, им посакувам на сите страни со мудрост и разум да ги прифатат резултатите и потоа да работиме напорно во исполнувањето на нашите обврски“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети откако гласаше во родното село Зајас.

Тој нагласи дека посакува да има повеќе дијалог во државата и компромис меѓу партиите затоа што, како што рече, тоа е важен процес и вети дека ќе работи на тоа да се постигне разбирање меѓу политичките фактори.

Поврзани новости