754
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, испрати честитка за Денот на независноста.
-За овие 29 години државност, поминавме долг и тежок пат, а сепак се уште се соочуваме со големи предизвици пред нас. Наша должност е да ги решиме овие предизвици, еден по еден, денес, за идните генерации да можат да живеат во мир и просперитет.
Честитки за Денот на независноста и благодарност до сите граѓани, но и до меѓународните пријатели кои се со нас и на нашето патување, порача Ахмети.