Ахмети по средбата со Заев: Не сакам прв да го кажам последниот збор

by fokus

По завршување на средбата со Зоран Заев, Али Ахмети изјави дека колку се блиску, толку се и далеку од постигнување договор за формирање влада.

Тој не сакаше да открие дали нивниот предлог е една година премиер Албанец, а три години премиер да биде Зоран Заев.

-Не сакам прв да го кажам последниот збор. Ние инвестираме прашањата да одат во добра насока и подготвени сме ова да го направиме за државата затоа што придобивка ќе имаат стабилноста и државата, како и доближувањето на заедниците, рече Ахмети.

Поврзани новости