Ахмети: По барање на Курти го примив министерот за транспорт на Косово, поради реализацијата на патот кон Призрен

by Fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска одржа прес-конференција на која беше присутен министерот за транспорт на Косово кого Ахмети го примил по официјално барање од косовскиот премиер Албин Курти.

Ахмети изјави дека е разговарано за реализација на проектот за изградба на пат од Тетово до Призрен и нагласи дека во интерес на двете држави е преку официјални разговори да се поттикне економската и друга соработка.

„Во интерес на нашата држава е развој на соработката со Косово, како и развој на соработката и со другите соседни земји, зашто треба да имаме предвид дека регионот мина низ конфликти и војни со тешки последици.

За да се биде успешен во градењето добри односи со народите и граѓаните, потребна ни е подобра соработка“, рече Ахмети.

Тој рече дека изградбата на пат од Тетово до Призрен, кој е проектиран, ќе биде од особен интерес на двете земји.

„Мора да се концентрираме на тоа како да ги развиваме натаму пријателските односи“, нагласи Али Ахмети.

Поврзани новости