Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на вечерашната партиска трибина во Чегране порача дека единствено решение за продолжување на преговорите со ЕУ е внесување на Бугарите во Уставот.
-Имаме услови дека без уставни измени не може да се отвори првото поглавје затоа што скринингот е почнат и следната средба со ЕУ мора да започне во ноември. Политичките партии мора да работат да ги убедат луѓето дека единствено решение е Бугарите да станат дел од уставот и да го отворат првото поглавје (со ЕУ). Затоа што со тоа победуваат сите партии во оваа земја. Најдоброто решение за нашите проблеми е да создадеме сојуз за обединета Европа. Сите треба да се гордеат со тоа и треба што поскоро да ги исполнат домашните обврски, рече Ахмети.
Тој додаде дека не може да му се наметнува ултиматум или програмска линија со платформи бидејќи за нив одлучува конгресот, а дека тој само ги спроведува тие одлуки и одговара на ова највисоко партиско тело.
-Јас не сум пион во шаховските фигури, или сум командант и водач, или воопшто не сум. Немам лутина или омраза бидејќи ништо лошо не им се случило на моите пријатели и се трудев да бидам еднаков со сите. Така што ДУИ никогаш не била посилна… ДУИ создаде институции кои никој не може да ги уништи, порача Ахмети.