66
Денеска во моето Зајас го искористив демократското право на глас за да оставам трага од мојот придонес во трагањето по европската иднина, нагласи во својата изјава по гласањето Али Ахмети, лидер на ДУИ и на коалицијата Европски фронт.
-Со нашето гласање имаме историска шанса да ја запечатиме еднаш засекогаш нашата евроамериканска ориентација, да кажеме НЕ за Русија, ДА за Европа – рече Ахмети.
Тој ги повика граѓаните да излезат масовно на гласање и да гласаат, како што нагласи, за голема победа на европската кауза.
-Посакувам добар и комплетен изборен процес, целосно во демократски и европски дух – изјави Ахмети.