426
Лидерот на ДУИ Али Ахмети по гласањето на денешниот референдум во Зајас истакна дека се работи за историски момент за земјата.
-Од утре очекувам сите да работиме за да бидеме што поблиску до ЕУ и НАТО бидејќи особено во последните 15 години речиси сите сме работеле во тој правец. Треба да работиме во правец на мирот и стабилноста, да имаме добар судски систем, да има економски развој, инвестиции и достоинство за сите, како и функционални институции. Сѐ тоа во функција на мирот и стабилноста не само кај нас, туку во целиот регион на овој дел на Европа – рече Ахмети.