Демократската унија за интеграција денеска ја продолжи предизборната кампања со собирот во општина Студеничани каде ги претстави кандидатот за градоначалник Ејуп Абази, листата на кандидати за советници предводена од Ибрахим Рамадани и изборната програма заснована на зелената агенда и нејзините проекти за квалитетен живот.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во својот говор ги образложи причините зошто треба да се гласа за Демократската унија за интеграција, нагласувајќи дека станува збор за 20 години работа на стручен кадар и докажан со неговото знаење.
-ДУИ веќе 20 години создава кадар, создава професионални луѓе во различни области. Зошто ДУИ треба да се гласа, а не другите? Треба да се гласа затоа што е докажан субјект во сите области на дејствување. Од 2002 до 2021 година се 19 години професионална работа, тоа е работа на луѓе кои се докажани и со меѓународни искуства, прифатливи и ценети во сите соочувања и семинари што се организираат. Овде, во Европа и Америка, докажавме дека знаеме да водиме, дека знаеме да работиме и да проектираме. Затоа, јас, како еден од граѓаните на оваа земја, како еден од припадниците на овој народ, ви се обраќам со највисока одговорност затоа што гласот е свето нешто, водењето на една општина, на една земја и држава е морална и национална одговорност, затоа што ние немаме време за губење, времето е скапоцено. Ја презентираме зелената агенда бидејќи тоа е барање и чекор на времето. Во оваа земја сите ние мора да работиме, да ги оставиме зад нас предрасудите. Оваа земја е на прагот на членство во ЕУ и треба да направиме уште еден чекор, рече Ахмети.
Демократската унија за интеграција утре ќе ја продолжи кампањата во Врапчиште со презентирање на кандидатот за градоначалник, листата на општински советници и изборната програма.