Ахмети од Швајцарија: До вчера работевме на унапредување, денеска мора да го браниме албанскиот јазик

by Fokus

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на сите Албанци им го честита 22 ноември, денот на Конгресот во Битола и азбуката на албанскиот јазик.

„За мене денеска е ден на албанскиот јазик, не само денот на азбуката на нашиот свет јазик и на конгресот во Битола.

Мора да го негуваме и промовираме нашиот древен јазик, да се здружиме и да се ставиме во првите редови на напорите да го заштитиме од секојдневните напади. До вчера работевме на унапредување на употребата на нашиот јазик, а денес сме во позиција да го штитиме постигнатото.

Националното прашање, јазикот, знамето, унијата и интеграцијата бараат посветеност од мажи и жени-идеалисти и мисионери!

Денеска сум во Швајцарија, покрај нашите иселеници, заедно да ги прославиме албанските ноемвриски празници и уште еднаш да се ставиме на чело на националните процеси, заедно да го заштитиме постигнатото и да одиме напред.

Честит 22 ноември, денот на азбуката на албанскиот јазик!“ пишува Ахмети.

Поврзани новости