Ахмети од Кичево: Нашата земја се гордее што имала нобеловци Албанци како Мајка Тереза и Федри Мурати!

by Fokus

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во Кичево пред членовите и симпатизерите на партијата го претстави Насер Зибери, кандидатот што го номинираше ДУИ за прв премиер Албанец, на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули.

На собирот присуствуваше и носителот на изборната листа во ИЕ број пет од редовите на ДУИ, Талат Џафери, како и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари како претседател на локалниот изборен штаб на ДУИ.

Ахмети во оваа прилика упати честитка до САД за Денот на независноста и посочи дека ќе продолжат со унапредување на Албанците, овојпат преку идејата за прв премиер Албанец на нашата земја.

-Оваа земја имала нобеловци Албанци како што се Мајка Тереза и Ферди Мурати. Со нив нашата земја се гордее како што ќе се гордее и со премиерот Албанец бидејќи тој ќе работи во интерес на сите кои живеат во оваа држава. Имаше противење и во времето на изборот на Дехари за градоначалник на Кичево, но денеска сите увидоа дека во Кичево се живее сложно, без разлика на етникумот кому му припаѓаат. Затоа и оваа наша најнова идеја ќе биде во интерес на еднаквоста се разбира ние ќе продолжиме и во други сфери за да работиме во интерес на сите граѓани, рече меѓу другото Ахмети во Кичево.

Поврзани новости