Никогаш не сме биле поблиску до комромис во спорот за името и токму сега е потребно двете страните да седнат на маса со меѓународно посредување, рекол лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со високиот комесар на ОБСЕ за национални заедници, Астрид Торс.
Како што сооштија од ДУИ, на средбата станало збор и за судскиот процес „Монструм“, во однос на кој Ахмети истакнал оти сторителите на четрикратното убиство кај Смилковското езеро треба да ја добијат заслужената казна, но тоа треба да се постигне врз основа на факти и аргументи низ еден транспарентен процес.
„Правдата не смее да биде селективна и вината никогаш не може да биде колективна. Вината мора да се докаже со факти, не со предрасуди. Разнишаната доверба и кредибилитет на овој процес зависи врз набљудувањето и оценување на меѓународната заедница“, порачал лидерот на ДУИ на средбата со гостинот од ОБСЕ.